Македонија

Кампања на ССМ за прогласување најдобра компанија на неделата

02 мај 2020

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) спроведува кампања за прогласување најдобра компанија на неделата. Еднаш неделно ССМ објавува кои компании се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период.

Како што соопштија денеска, најдобра компанија за оваа недела е рудникот „Саса“.

Во услови на здравствена криза која не смееме да дозволиме да се претвори во криза на пазарот на трудот, кога голем број несовесни работодавачи најавуваат отпуштање на работниците, праќање на принуден одмор, намалување на платите, подметнување на спогодби за престанок на работниот однос за кои ССМ континуирано во изминатиот период предупредуваше, сметаме дека е важно да се информира за компаниите кои се пример и кои треба да ги следат сите работодавачи во овој период, соопштија од ССМ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...