Македонија

„Витаминка“ донира прехранбени производи за лицата со посебни потреби

15 апр 2020

Во период на вонредна состојба во државата, „Витаминка“ продолжува со нови донации онаму каде што има потреба. Овој пат тоа се здруженија и центри за лица со посебни потреби, соопштија од компанијата.

Минатата и оваа недела, компанијата достави поголема количина на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака” од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со целебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението „Сплотени срца” од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби „Sуница” Прилеп.

Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти, велат од „Витаминка“. 

Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...