Македонија

„Жито пром“ и „Нова“ донираа заштитна опрема и храна

08 апр 2020

Фабриката „Жито Пром“ од Гевгелија и меѓународното училиште „Нова“ донираа заштитна медицинска опрема односно маски, визири и скафандери за Инфективната клиника во Скопје и Општата болница во Гевгелија.

Воедно, тие обезбедија и месечно снабдување со кроасани за сите 170 вработени на Инфективната клиника, за 110 социјално загрозени семејства во Гевгелија како и за Црвениот крст во Скопје (за 40 луѓе кои работат во мобилните тимови, 150 бездомници, 150 деца на улица и 70 стари и изнемоштени лица кои периодов не се во можност да излезат од своите домови).

Со цел да им помогнат на ранливите категории граѓани како и на медицинските лица кои без одмор се борат со вирусот Ковид-19, „Нова“ и „Жито пром“ се одлучија на овој чекор. Покрај месечното снабдување со кроасаните, тие одвоија средства да се купат и 700 маски, 30 визири и 120 скафандери за двете здравствени институции.

Со пораката #wearehere4U, нашите две организации „Жито Пром” и „Нова” ги здружија силите да им помогнат на тие кои се првата одбранбена линија од корона вирусот. Се надеваме дека оваа донација ќе му помогне на персоналот да обезбеди подобра заштита на личното здравје со што ќе можат да бидат поефективни во грижата за нашето општо здравје, велат од менаџерските тимови на „Нова“ и „Жито пром“.

Фабриката „Жито Пром“ која ги произведува кроасаните 4U функционира со намален капацитет, комплетно следејќи ги препораките за заштита на своите вработени. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...