Македонија

„Витаминка“ бележи 6% пораст на приходите

04 апр 2020

„Витаминка“ објави позитивни финансиски резултати за 2019 година во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Компанијата објави дека во периодот од јануари до декември 2019 година оствари вкупни приходи од 2.504.068.000 денари и во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 6%. Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2018 година бележи пораст  од 6%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во 2019 година во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 4%.

Вкупните инвестиции во основни средства во 2019 година изнесуваат 159.300.000 денари. Генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опремата и ставање во функција на нов логистичко-дистрибутивен центар. Минатата година се реализирани  28 нови вработувања, стои во соопштението.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...