Македонија

Винарниците донираа aпарати за Клиниката за инфективни болести

18 мар 2020

Здружението Вина од Македонија самоиницијативно со поддршка на членките донираа медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести.

Набавени се два аспиратора за сукција на белите дробови и еден монитор за следење на виталните функции.

Два од овие апарати веќе се донирани на Клиниката за инфективни болести, а уште еден ќе биде доставен до крајот на неделата, потврди за InStore Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“.

Од здружението истакнуваат дека со овој чин сакаат да иницираат и да испратат апел до сите македонски компании да покажат солидарност и спремност да помогнат таму каде што во моментов е најпотребно.

Винарници кои се дел од иницијативата се: „Тиквеш“, „Шато Камник“, „Бовин“, „Сопот“, „Венец“, „Стоби“, „Г-Д Тиквеш“, „Риго импекс“, „Мовино“, но како што истакна Младеновска-Јеленковиќ, кон иницијативата може да се приклучи кој сака.

Иако Клиниката за инфективни болести има поддршка од Владата, треба секој што може да помогне, бидејќи се очекува зголемување на заболени, додаде таа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...