Македонија

Агро-бизнис заедницата ги чувствува последиците од корона вирусот

12 мар 2020

Состојбата со коронавирусот влијаеше и на aгро-бизнисот. Првичните последици се намалена потрошувачка, пад на бројот на нарачки, како и спречувањето во реализација на договореното.  

Компаниите кои се жалат и на негативни влијанија врз човечките ресурси, сепак уверуваат дека храна ќе има доволно.

Штети има, но тие се уште не може да се согледаат зашто ситуацијата се менува секојдневно. Неблагодарно е сега да даваме некакви прогнози, особено зашто се надеваме на минорни ефекти. Воедно очекуваме надлежните да направат сериозна анализа, да утврдат колкави се трошоците на бизнисот и соодветно да интервенираат, рече на денешната прес конференција потретседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори, Горан Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додава дека државата не треба да прави ништо посебно, туку само да го следи примерот на развиените земји во Европа и така да реагира.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...