Македонија

„Витаминка“ и „Алкалоид“ добија награди од Стопанската комора

19 фев 2020

Компанијата „Витаминка“ од Прилеп доби награда за придонес во работата на Стопанската комора на Македонија, додека „Алкалоид“ е награден за најголем придонес во едукацијата на вработените. 

Наградите ги доделија премиерот Оливер Спасовски и претседателот на комората, Бранко Азески, на денешното одбележување по повод 98-годишнината од основањето на комората.  

„Микросам“ Прилеп, „Леарница“ од Охрид како и „Брако“, фирмата на поранешниот вицепремиер за еконосмки прашања Кочо Анѓушев добија признание за најиновативни извозници.

За придонес во работата на Комората признанија добија и Телеком, ЕВН, „Гранит“, САСА, „Бетон“ и „Бучим“. Признание за најголем придонес во едукацијата, покрај „Алкалоид“, доби и Стопанска банка од Скопје.

За прв пат комората додели и признанија на занаетчиски дуќани, и тоа на опинчар од Охрид и на сервисер од Битола.

Во рамки на настанот се одржува и панел дискусија на тема „Западен Балкан на глобалните пазари: Нови можности за трговска размена и инвестиции“.

Главното мото на Стоманската комора годинава е „Со членството моќни, во визијата истрајни”.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...