Македонија

„Лакталис Македонија“ во посета на саемот „Агротика 2020“ во Солун

14 фев 2020

Млекарницата „Лакталис Македонија“ по шести пат организираше посета на Саемот „Агротика 2020“ во Солун, кој важи за најголемото собирно место за фармерите и земјоделците кои сакаат да видат како изгледаат најновите напредоци на полето на сточарството, земјоделството и земјоделската опрема.

Секоја парна година саемот „Агротика“ ја изложува најмодерната земјоделска опрема од производителите ширум светот, а секоја непарна година се претвора во Саем за сточарство кој опфаќа говедарство, живинарство, па до кинологија и фелинологија. Саемот, кој се одржуваше од 31 јануари до 2 февруари е најблиското место каде македонските фармери можат да ги проследат најновите машини и опрема која се користи во земјоделието.

Оваа година, „Лакталис Македонија“ организираше посета на саемот за 41 фармер, тројца ветеринари и шест вработени во одделот за откуп на млеко. Тие имаа шанси да разгледаат дел од земјоделските машини и опрема кои беа изложени, но и да се споделат искуства со други земјоделци кои беа допатувани од повеќе земји, соопштија од компанијата.

Овогодишното издание на „Агротика“ сруши три рекорди: собра најголем број изложувачи, покри најголема површина досега и имаше најголем број посетители во неговото 28-годишно постоење.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...