Македонија

Казнети се осум компании поради непочитување на владините мерки

07 Mar 2025

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски, денеска соопшти дека осум правни субјекти од кои три маркети, една аптека и тројца најголеми увозници на овошје и зеленчук се затворени на 15 дена поради непочитување на владините мерки за маржите.  Тој посочи дека кај овие правни субјекти контролите утврдиле маржи до 70 отсто. 

Инспекциите утврдија неправилности во работењето на осум правни субјекти, кај кои маржите достигнувале и до 70 отсто. Освен привремено затворање, овие субјекти ќе бидат санкционирани и со парични казни, изјави Стојкоски на прес-конференција.

Се работи на уште 30 предмети во кои се опфатени сите големи маркети. Инспекторите се постојано на терен, контроли спроведуваме континуирано и така ќе продолжиме, информира Стојковски на денешната прес-конференција. И покрај овие прекршувања, Стојкоски оцени дека владините мерки во најголем дел се почитуваат.

Во периодот од 24 февруари до 6 март, Државниот пазарен инспекторат спровел вкупно 365 инспекции во малопродажните објекти и 64 во големопродажните, со што биле опфатени над илјада трговски субјекти. Притоа, биле констатирани 36 неправилности, а издадени се прекршочни платни налози во вкупен износ од 42.000 евра.

 

Извор: Alsat.mk

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...