Македонија

Cevitana e главен поддржувач на Европскиот куп во џудо

05 Aug 2024

„Витаминка“ преку својот бренд Cevitana е главен поддржувач на Европскиот куп во џудо за јуниори и јуниорки, кој ќе се одржи на 10 и 11 август во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. 

Најдобрите џудисти и џудистки од 28 европски држави ќе се натпреваруваат во јуниорска категорија во главниот град на Македонија и ќе имаат можност да го запознаат брендот Cevitana, кој поддржувајќи големи европски натпреварувања, прерасна во глобален бренд.

За нас, од големо значење е можноста да бидеме дел од нивниот пат кон успехот и затоа Cevitana ќе продолжи и во иднина да ги поддржува младите таленти, да инвестира во спортот и да се залага за потенцијалот на младите, соопштуваат од „Витаминка“.

Извор/Фото: „Витаминка“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...