Македонија

„Гемак трејд“ започна со дистрибуција на новите Magic производи

04 Apr 2024

Компанијата „Гемак трејд“ започна со дистрибуција на новите Magic производи. Фабриката за производство на апетисани и здрави грицки, „Меџик Мг“   подготви 24. различни производи, од кои 13. се иновација на македонскиот пазар.

Започната е нова ера на овој бренд под капата на „Малиќи груп“, кој е подобрен и зајакнат не само во дизајнот и пакувањето, туку и во квалитетот и иновативноста на производите. Новите MAGIC производи на македонскиот пазар нудат јаткасти плодови и миксови грицки со кокос, смоква, гоџи, праска, јагода, малина, дел од нив прелеани со белгиска чоколада. Но, и единствен на македонскиот пазар, крцкавиот путер направен од 100 посто кикиритки и путер од чоколада со кикиритки и лешници, соопштуваат од компанијата.

Брендот Magic се издвојува како водечки бренд за закуски во Македонија, поставувајќи високи стандарди за квалитет и иновација во оваа конкурентна индустрија. 

Извор/Фото: „Гемак трејд“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...