Македонија

„Гемак трејд“ го донесе првиот безалкохолен џин во Македонија

23 мај 2023

Во Македонија пристигна новиот Gordon’s џин без алкохол 0.0%, кој е дел од иновациите што ја одбележаа 2023 година, соопштија од „Гемак трејд“. Оваа компанија континуирано работи на проширување на своето портфолио на производи, стремејќи се да ги следи новите трендови и да промовира нови и иновативни производи во FMCG индустријата.  

            

Овој иновативен производ на љубителите на џин им нуди можност да се напијат џин со вкус на смрека, во моменти и прилики кога одлучиле да не пијат алкохол а, притоа да уживаат во нивниот омилен Gordon’s & Tonic.

Gordon’s 0.0% е произведен од истите ботанички плодови како и Gordon's London Dry Gin, има само 24 калории во една доза и е одличен избор за оние консументи кои би сакале да имаат понуда и без алкохол од брендовите што ги познаваат и со кој нема да почувствуваат дека прават компромис кога не пијат алкохол, појаснуваат од „Гемак трејд“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...