Македонија

Храната и струјата теми на новата средба на „Отворен Балкан“

25 јул 2022

Денеска и утре во Тирана ќе се одржи состанок на работни групи во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, во која учествуваат Македонија, Албанија и Србија.

Според најавата од Владата, работните групи ќе имаат детална координација за заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото.

Исто така, на дневен ред ќе биде и укинувањето на работните дозволи.

Нашата владина делегација ќе ја предводи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а во неа ќе бидат и министрите за економија и за информатичко општество и администрација, Крешник Бектери и Адмирим Алити, како и заменик-министрите за финансии и за земјоделство, Филип Николоски и Абдулшуќур Абедини. На состаноците во Тирана ќе учествуваат и националните координатори за „Отворен Балкан“, Марјан Забрчанец и за регионална соработка Нола Исмајлоска, директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, како и советниците и раководители на сектори.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...