Македонија

Наградна игра – „Адреналинска Жито авантура“

17 јун 2022

Синџирот маркети „Жито“ ја стартува новата наградна игра, најавувајќи богат награден фонд со „адреналински“ награди.

Наградната игра наречена „Адреналинска Жито авантура“ почна на 8 јуни и ќе трае до 23 јули. Наградниот фонд изнесува речиси два милиони денари и вклучува вредни ваучери, како што се потрошувачки картички Жито, мобилни телефони, пет четирицикли од 250 кубни сантиметри, а главната награда ќе биде голем четирицикл од 500 кубни сантиметри.

Услов за учество во наградната игра е потрошувачот да поседува лојална картичка Жито Клуб. Извлекувањето на наградите е предвидено да се реализира на 5 август, на голема забава на отворено пред маркетот „Жито Ване“ во Велес.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...