Македонија

Бектеши: Ќе ги помогнеме компаниите чии производи имаат замрзнати цени

11 јан 2022

Кога ја предложивме мерката за замрзнување на цената на одредени домашни производи имавме предвид дека ќе треба да им се помогне на компаниите. Сега ги очекуваме податоците за декември за да видиме какви ефекти се постигнати, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши за ТВ 24.

Што се однесува до компаниите ние можеме да им излеземе во пресрет. Имаме и обезбедено одреден буџет, особено за инвестиции, но можеме да импламентираме и дополнителни посебни мерки какви што имавме во време на поинтензивна пандемија. Можеме да продолжиме и некои други мерки се со цел да покажеме дека сме тука и дека се грижиме на сите, изјави Бектеши.

На почетокот на декември лани, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало. Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи, и тоа за: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; и сирење и урда.

Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.

Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...