Македонија

#GivingTuesday: Да донираме надеж за децата од „Надеж“

24 ное 2021

Потребна е нашата поддршка за да продолжи едукацијата на 60 деца, Роми, на возраст од 5 - 14 години,  и со тоа ќе им помогнеме  на новите генерации да ја градат својата иднина преку образование!

За овие деца е утврдено дека се изложени на ризик да го напуштат училиштето – за да не се случи тоа, потребна им е дополнителна помош. Главните активности на помошта ќе се фокусираат на изучување на македонскиот јазик и исполнување на стандардот за упис во училиштата за 5 - годишни деца, завршување домашна задача, поддршка за читање, помош по математика за училишни деца, како и серија работилници на тема онлајн насилство кои таргетираат сиромашни и ранливи деца, ментално здравје и благосостојба особено за време на тековните пандемии на Ковид-19. Тоа го добиваат во Центарот за едукација на деца од ранливи групи, во најголемата ромска општина во Европа - Шуто Оризари, што го води здружението „Ц.С.И. Надеж Скопје“ ( граѓанска организација која активно се залага за подобрување на квалитетот на живот преку овозможување еднаков пристап до квалитетно образование, социјална интеграција и кое промовира и реализира активности за стекнување на вештини на младите и маргинализираните заедници со фокус на Ромите). „Надеж“ ги подготвува и внесува овие деца на училиште, обезбедувајќи им ги сите потребни училишни материјали. Во Центарот децата добиваат и дополнителна поддршка после училиште и ужина. Се обезбедува и советодавна поддршка за родителите.

Оваа година, здружение од Македонија - а тоа е „Ц.С.И. Надеж“ учествува во глобалната иницијатива за зајакнување на сите форми на добротворни придонеси за општеството. Наречено #GivingTuesday, ова глобално движење на филантропијата кое го означува почетокот на сезоната на подарување, покажа голем успех во фокусирањето на светското внимание на моќта на давањето за подобрување на животот на луѓето.     

На овогодинешниот #GivingTuesday, приклучете се со мал личен придонес, кој заедно со сите останати на овој ден ќе направи големо влијание во животите на овие ранливи дечиња. Вашата донација дадена токму на овој ден има двојно влијание бидејќи ќе овозможи Едукативниот центар „Надеж“ да добие и дополнителни сретства од GlobalGiving платформата. Затоа, обележете го 30 ноември во Вашиот календар! Овие дечиња ја очекуваат вашата поддршка! Сите заинтереисрани може да донираат  на https://www.globalgiving.org/projects/give-60-vulnerable-children-education/?fbclid=IwAR3vnkWWD7WKWrHw736iGBDLoy2KBU6yXv9I7cMmvi03B1gDnI3J-BTsG9E

Во Македонија стапката на учество во раното детско образование на децата Роми на возраст од 4 - 6 години е само 14% и е значително под просекот на ЕУ. Овие деца се соочуваат со екстремна нееднаквост на почетокот на нивното образование, што често доведува до напуштање на училиштето и неуспех да се интегрираат во општеството. Предвременото напуштање на училиштето е особено високо, особено кај девојчињата. Нискиот социо - економски статус на родителите и ниското ниво на писменост имаат силно влијание врз училишниот успех на нивните деца.

                                                                             

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...