Македонија

Просечната нето - плата во септември 2021 година била 28.869 денари

19 ное 2021

Просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во септември 2021 година изнесува 28.869 денари, додека просечната месечна исплатена бруто - плата за истиот месец е 43.137 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето - плата по вработен во септември 2021 година, во споредба со септември 2020 година, изнесува 105,3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (13,2%), рударство и вадење камен (12,8%) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12,5%). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење камен (4,4%), информации и комуникации (2,5%) и преработувачка индустрија (2,2%), пишува во соопштението.

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...