Македонија

„Витаминка“ изложува на саемот „Ануга“ во Келн

12 окт 2021

„Витаминка“ повторно е дел од најголемото саемско случување, „Ануга 2021“, што се одржува во Келн, Германија, каде изложи голем дел од својот асортиман, во групата кондиторски производи, посебно производите што се наменети за странските пазари, соопштија од компанијата.

„Ануга“ е водечки светски саем за индустријата за храна и пијалаци, со уникатен концепт што за учесниците овозможува максимално деловно влијание. Претставува платформа за привлекување на сите релевантни страни од трговијата, производството и угостителството.

Во овие неколку дена додека се одржува, „Ануга“ претставува центар за производителите, трговците и угостителите. Никаде на друго место не се среќава глобалната прехранбена индустрија во овој обем и е најважното место коешто нуди најдобри можности за поврзување низ целиот свет. Со присуството на врвни одлучувачи, „Ануга“ е тренд барометар за глобалната прехранбена индустрија и затоа да се биде дел од ова случување значи многу, затоа што врз искуствата, знаењата и контактите стекнати тука, се гради целата развојна стратегија на компанија, вели Љупчо Велески, директор на извоз во „Витаминка“.

Освен кондиторскиот сектор, „Ануга“ претставува саем на 10 различни концепти на храна, вклучувајќи леб и печива, разладена и свежа храна, кулинарски концепти, млечни производи, пијалаци, замрзната храна, топли пијалаци, месо и органски производи. Се одржува на површина од 284 000 м2, со приближно 8000 изложувачи од стотина земји од целиот свет. Саемската манифестација ја посетуваат во просек по 170. 000 посетители од над 200 земји.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...