Македонија

Просечната плата во јули била 28. 540 денари

21 сеп 2021

Просечната исплатена нето - плата по вработен во јули годинава изнесувала 28. 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), уметност, забава и рекреација (14.2 %) и други услужни дејности (13.5 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето - плата е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто - плата, пак, во јули изнесувала 42. 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...