Македонија

Влези во игра! – Вредни награди од Триглав

07 сеп 2021

Животот во пандемија нѐ потсети дека ништо не е поважно од здравјето. Никој не е поважен од семејството и од најблиските. Изборот на поздрав начин на живот се наметна сам по себе. Се свртевме повеќе кон природата, но и научивме колку вреди чувството на сигурност.

Доброволното приватно здравствено осигурување на Триглав е исклучително квалитетно решение, кое овозможува сигурност и врвна здравствена нега. Овој производ обезбедува финансиска сигурност  и дава поддршка во справувањето со непланираните здравствени предизвици. Во рамките на доброволното приватно здравствено осигурување постојат различни производи, кои се приспособени на потребите и можностите на населението, а овозможуваат сигурност и заштита.

  • Осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување
  • Осигурување на операции
  • Осигурување на малигни заболувања
  • Триглав СОС-пакет за здравствено осигурување

Овие решенија можат да ги користат физички лица, индивидуално или пак за своите семејства, како и компаниите, за заштита на своите вработени.

Триглав комплет и Триглав комплет + се пакет осигурувања, кои што Триглав ги креираше за да обезбеди комплетна грижа и сигурност на своите клиенти.  

Триглав комплет е пакет наменет за сите семејства, кои се грижат за својата безгрижна иднина. Ги покрива најзначајните сегменти од секојдневниот семеен живот, а нуди можност за заштеда и до 50%. Пакетот ги вклучува следните видови осигурување: 

  • Каско осигурување на автомобили
  • Семејно осигурување од незгода
  • Осигурување на дом

Триглав комплет + е пакет, кој обезбедува заштеда и до 40%. Пакетот Триглав комплет + ги вклучува следните видови на осигурувања: 

  • Доброволно приватно здравствено осигурување;
  • Каско осигурување на автомобили;
  • Осигурување на дом.

Со секој склучен Триглав Комплет +, во рамките на пакетот е вклучено и бесплатно покритие за патување до 10 дена во Европа за целото семејство, како и автомобилска асистенција, „КОМФОРТ пакет“.

Чувствувајте се сигурно и безбедно. Обновете го своето осигурување или изберете еден од овие пакети до 28 септември, 2021 година. На овој начин станувате дел од #БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен и влегувате во игра за вредни награди.

Можете да освоите електричен велосипед, електричен тротинет или ваучер за осигурување. Секоја среда извлекуваме тројца среќни добитници.

Бидете безбедни, Триглав се грижи за вас и вашето здравје.

Бидете фит, играјте за супер награди.

Бидете здрави, грижете се за природата.

Направете нешто повеќе за себе, а Триглав ќе ја награди вашата грижа.

*Комерцијален текст



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...