Македонија

Во услужните дејности и продажбата има најмногу слободни работни места

03 сеп 2021

Во вториот квартал од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,78%, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем број слободни работни места – 3.690, има во секторот услужни дејности и продажба. Според податоците, највисока стапка на слободни работни места од 4,64% има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54%. По региони, Југозападниот има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,72%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...