Македонија

„Киппер“ го отвори 70. маркет

15 јул 2021

Денеска (15 јули) „Киппер“ отвори нов маркет во с. Липково, Куманово, кој е 70. продажен објект во синџирот на хард-дисконтерот.

Новиот маркет се наоѓа на главниот пат, на влезот од селото. Вкупната површина на која се простира изнесува 430 квадратни метри (продажен простор – 360 и магацински – 70 квадрати). Располага со 2 наплатни каси, а за услугата се грижат 9 вработени. Асортиманот го сочинуваат речиси 1.700 прехранбени и непрехранбени артикли.

Следните планови се новите маркети во  Ресен, Куманово, Брвеница, Маџари, Битола..., а активно се бараат локации и во другите градови каде што сме и не сме присутни, изјавија за InStore од „Киппер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...