Македонија

„Конект“ ги додели наградите за одржлив развој

24 јун 2021

Здружението „Конект“ ги додели наградите на предводниците на Целите за одржлив развој (Sustainable Development Goals – SDGs) на компании, поединци и млади бизнис лидери. Меѓу наградените има повеќе компании од FMCG - секторот. 

Наградите им се врачени на „ЕВН Македонија“ АД Скопје, „Македонски Телеком“, „Грин ИТ“ ДОО Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Пакомак“ ДОО Скопје, како и на  Борче Стаменов од „Бидат Информатика“, Ивица Поцков и Никола Глигоров од „Луксико ДООЕЛ“ и Горјан Јовановски од „Моја Фирма“ ДООЕЛ Скопје.

Признанија за придонес кон остварувањето на Целите за одржлив развој им е доделено на „Ван Хоол Македонија“ ДООЕЛ, КАМ маркети, „Макпетрол“ АД Скопје, „Макпрогрес ДОО“, Меѓународни училишта „НОВА“, „Пивара Скопје“,  „СунСмарт Соларни системи„ Скопје, Цементарница УСЈЕ АД Скопје и Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, како и на Ана Дангова Хуг од Адвокатско друштво ИНТЕР ПАРТЕС Скопје, Ѓорѓи Трајковски од Македонски Телеком, Јасна Величков од „Арел Невромаркетинг“, Марија Георгиевска од Наша ТВ и Момир Поленаковиќ од PricewaterhouseCoopers North Macedonia (PwC).

Несомнено е дека токму ваквите иницијативи го мотивираат приватниот секторот се повеќе да се ориентираат кон работа која позитивно влијае на општество и допринесува за остварување на овие цели. Искоренување на сиромаштијата и гладот, квалитетното образование, родовата еднаквост, чистата вода и околина  и чистата енергија, намалената нееднаквост, достоинственото вработување и економскиот раст, иновацијата и одржливата заедница, борбата за справување со климатските промени, подобриот живот на копно и под вода, одговорната потрошувачка и производство, мирот и правдата како и партнерствата за постигнување на целите, се наше заедничко мото и база, според која мораме да ги ориентираме нашите приоритети, нашиот систем и начинот на којшто го градиме нашето општество, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи.

„Конект“ ги доделува наградите за одржлив развој по втор пат, во партнерство со Мрежата на Глобалниот договор. Целите за одржлив развој се прифатени од сите земји членки на ОН и потребно е да се исполнат до 2030 год. Тие се акцискиот план на светот за фер глобализација и подобра иднина за сите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...