Македонија

„Кока кола ХБЦ“ - Србија и „Бамби“ претставија заеднички извештај за одржливост

11 јун 2021

Компанијата „Кока кола ХБЦ“ - Србија, осми пат по ред објави извештај за одржливо работење, кој првпат ги опфаќа и резултатите на компанијата „Бамби“. 

Благодарејќи на феноменалниот тим, успеавме за многу кратко време, во услови на криза, да го трансформираме работењето така што овозможивме непречено функционирање на работните процеси, но и ги заштитивме луѓето. Не изневеривме над 1.600 вработени, но ни 16.000 луѓе колку што поддржува нашиот систем во поврзаните дејности и сектори. Покажавме и дека сме партнер од доверба за 37.000 купувачи и повеќе од 7.000.000 потрошувачи ширум Србија, како и поддршка за локалната заедница во која повеќе од половина век работиме и градиме подобра иднина, изјави Светослав Атанасов, генерален директор на „Кока кола ХБЦ“ - Србија. 

Компанијата „Кока кола ХБЦ“ - Србија објавува локален извештај за одржливо работење од 2013 година. Овојпат со него е опфатена и комапнијата „Бамби“, која во јули 2019 година стана дел од семејството на „Кока кола ХБЦ“. 

Среќен сум што „Бамби“ придонесе кон овој извештај со одлични резултати. Зад нас е комплексна година која ја совладавме со помош на неспорниот квалитет на нашата производна програма, постојаните иновации и константното унапредување на односот со нашите партнери и добавувачи, како и подготвеноста да одговориме на потребите на сите наши пазари, изјави Драган Стајковиќ, генерален директор на „Бамби“. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...