Македонија

Нов „Тамаро“ во Велгошти

11 јун 2021

Во средата (9 јуни) „Тамаро“ го отвори новиот објект во Велгошти, кој е 11 маркет во малопродажната мрежа на охридскиот синџир.

Новиот маркет се наоѓа на улицата Илинденска бб и се простира на површина од 230 квадратни метри. Потрошувачите се услужуваат на 2 наплатни каси, а за услугата е задолжен тим од 5 вработени. Асортиманот го сочинуваат од 8.000 до 10.000 производи, при што застапени се повеќе брендови, како и производи од сопствената пекарница и слаткарница.

Нашите маркети ги има низ Охрид и во околните села Лескоец, Велгошти. Наскоро спремаме уште два маркета во Охрид, изјавија за InStore од „Тамаро“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...