Македонија

Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден

09 јун 2021

Од 1 октомври недела ќе биде неработен ден, најавија премиерот Зоран Заев и министрите за труд и социјална политика и економија Јагода Шахпаска и Крешник Бектеши.

На вчерашната владина седница беше усвоен текстот за измените и дополнувањата на законите за работни односи и за трговски друштва, кој сега чека усвојување од Собранието.

„Неделата станува неработен ден, ден на неделен одмор. Ја продолжуваме поддршката и грижата на работниците, а во фокусот на нашето внимание беше значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот“, рече Заев.

Вработените во оние дејносто што сепак ќе мора да работат и во неделите, ќе добиваат поголеми дневници од 50 до 100 проценти  и слободен ден кој ќе треба да го искористат во наредните седум дена.

Работодавaчите кои ќе го прекршат законот, ќе им се забрани работа од 15 дена и ќе им се издаде прекршочен платен налог. Доколку работодавачот го повтори истиот прекршок во рок од една година, забраната за работа ќе биде 30 дена. Во периодите на забрана за работа, работодавачот ќе има обврска на работниците да им исплаќа надоместок за плата во висина на платата исплатена претходниот месец и притоа не може да го намали бројот на работници.

Дозволено ќе биде да работат продавници за продажба на сладолед, колачи, апетисани, цвеќиња, сувенири, филигранство, весници и цигари во туристичките места утврдени со Законот за туристичка дејност. Продавниците на бензиските станици, како и оние во трговските центри во неделите ќе работат само во една смена, од 10 до 18 часот . Истото се однесува и продавниците во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, како и зелените пазари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...