Македонија

Доаѓаат 4 нови инвестиции вредни над 300 милиони евра?

24 фев 2021

Во Македонија ќе има четири нови инвестиции со вкупна вредност од над 300 милиони евра. Притоа ќе се отворат нови 2.000 работни места, најави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. 

Засега нема информации кои се инвеститорите, поради праксата истите да не се соопштуваат додека не се потпише официјален договор. 

Законот за стратешки инвестиции и мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции, т.е. Планот за економски раст навистина даваат резултати. Најавив пред 10-тина дена, еве денес можам да потврдам дека веќе од петокот имам потврда за две нови инвестиции од постојни компании коишто заради потребата, односно добивање на договори со нивните добавувачи ќе го прошират и зголемат производството. Тоа се дополнителни 2.000 работни места коишто до крајот на годината ќе се реализираат. Дополнително две други компании планираат 300 милиони евра инвестиции, коишто претходно кажав дека доаѓаат преку стратешките инвестиции, рече Битиќи.

Според него, во овој момент на листата на стратешки инвестиции кои се разгледуваат во Владата има вкупно 11 инвестиции, кои, според вицепремиерот, достигнуваат „фрапантни бројки“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...