Македонија

Просечната плата во декември била 28.294 денари

23 фев 2021

Просечната исплатена нето плата во декември 2020 година изнесувала 28. 294 денари и бележи раст од 5,4 отсто, објави Државиот завод за статистика.

Според објавените податоци, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации за 15,5 отсто, рударство и вадење на камен за 10,5 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите информации и комуникации за 14,4 отсто, финансиски дејности и дејности на осигурување 12,5 отсто и рударство и вадење на камен за 10,6 отсто.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 42. 227 денари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...