Македонија

„Х фактор акцелератор“ со нова инвестициска поддршка до 100.000 евра

18 фев 2021

„Х фактор акцелератор“ ја најавува новата инвестициска програма до 100.000 евра во стартап-фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании.

Повикот е отворен за пријавување до 15 март, а вкупниот буџет за инвестиции од 300.000 евра ќе се инвестира во 3 до 5 компании.

„Х фактор акцелератор“ е првиот од трите акцелератори поддржани од Фондот за иновации и технолошки развој преку Светска банка, кој во изминатата година реализира две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап-тимовите на „Матриошка“ и во „Вижн дајнамикс“.

Повеќе за критериумите и на процесот на апликација.

tags:


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...