Tретата бескаматна линија со грант компонента – Ковид 3 беше промовирана на денешната прес-конференција на која присуствуваа вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка, Кире Наумов.
Живееме во најголемата економска и здравствена криза во современата историја, а тоа коронавирусот ковид-19, кој во глобални рамки влијаеше и ги промени општествените текови, а особено не економски план. Во цело ова време на криза, владата во инкузивен процес и координација со стопанските комори, синдикатите, огранизации на работодавачи, на работници и сите чинители работеше на креирање на соодветни мерки со кои ќе се поддржи стопанството и ќе се поддржат најранливите групи граѓани, рече Битиќи.
Тој истакна дека се креирани четири сета мерки кои ја следеа логиката на структурата на бруто домашниот производ, а основна цел е да се задржи секое работно место, да се овозможи помош на оние граѓани на кои таа им е најпотребна и да се оддржи ликвидноста на компаниите. Овие мерки беа поздравени од граѓаните и стопанството.
Денеска објавувам почеток на уште една мерка со која ќе се поддржат компаниите, а со тоа и нивните вработени и нашата економија. Развојната банка го објави јавниот повик за трет линија за бескаматни кредити со грант компонента – Ковид 3. Со тоа на стопанството на располагање му се ставаат 31 милион евра, кажа Битиќи, кој се заблагодари на Европската Унија која преку механизамот од ИПА програмата обезбеди 30 милиони евра за реализација на оваа мерка, додека 1 милион е државна помош поддршка од наменските програми во буџетот за справување со коронавирусот.
Почетокот за доставувавње на барањата е закажан за 16 декември од 00.00 часот, а повикот ќе трае 14 дена. По затворањето на повикот, барањата ќе се обработуваат хронолошки, а кредитите ќе се даваат по принципот „Прв дојден прв услужен“.
Сите домашни субјекти треба да имаат пад на приходите од април до август за 20 отсто во однос на минатата година. Кредитите ќе треба да се вратат за три години а грејс периодот е шест месеци. Минимален износ е 3.000 евра, а максималниот 5.000 евра за трговец-поединец и занаетчија и 15.000 евра за мало и микро претпријатие.
Ќе има и кредити со грант компонентата од 30 отсто, за претпријатија управувани од жени, млади до 29 години, извознички фирми чии приходи од странство се најмалку 50 отсто и тие од зелена економија, односно кои работата на полето на модернизација, дигитализација и иновации.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.