Македонија

„Зендолино“ маркети донираа брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип

23 ное 2020

Маркетите „Зендолино“ донираа 125 брзи ковид тестови за потребите на Клиничката болница во Штип.  

Станува збор за тестови од фирмата „Абботт“ кои бесплатно ќе бидат користени за  брза детекција на вирусот на пациенти на кои тоа им е неопходно. 

Ние сме први којшто донираме брзи ковид тестови во Клиничката болница во Штип. Ова не ни е прва донација, сме донирале и претходно, но овојпат со поинаков карактер. Огромно е задоволството што во вакви тешки моменти можеме на некој начин да придонесеме и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Гестот е со хуман карактер, и со цел да се потикнат и останатите приватни компании да донираат и да помогнат во спречувањето на ширење на корона вирусот, рече сопственикот на „Зендолино“ маркети, Ѓоше Зенделов.

Синџирот маркети „Зендолино“  е присутен и во Кочани. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Уште 24.000 граѓани ќе добијат по 6.000 денари

15 јан 2021

Во февруари УЈП ќе ги исплаќа парите од скенираните сметки

15 јан 2021

Просечната плата во ноември била 27.588 денари

15 јан 2021

ССК со 15 предлог мерки бара дополнителна помош од Владата

15 јан 2021

Компаниите ќе бидат ослободени од царински давачки за една година

15 јан 2021

Во февруари ќе биде објавен петтиот сет антикризни мерки

15 јан 2021
Вчитува уште новости...