Македонија

ДЗС: Просечната нето плата во септември изнесувала 27.405 денари

20 ное 2020

Просечната нето плата во септември 2020 година во земјава изнесувала 27.405 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Индексот на просечната нето исплатена месечна плата во септември годинава, во однос на септември 2019 година, изнесува 107.7, односно просечната нето плата е повисока за 7,7 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување, пак, на просечната месечна исплатена нето-плата, во однос на август 2020 година, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (7,1 отсто), уметност, забава и рекреација (6,4 отсто) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,2 отсто).

Притоа, според податоците на ДЗС, највисоката просечна нето плата во септември годинава е исплатена во секторот-информации и комуникации (49.713 денари) и таа е за 9,9 отсто повисока од исплатената просечна плата во истиот месец лани, а најниската просечна плата е пресметана во секторот-објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.345 денари) и таа е за 1 отсто пониска од онаа исплатена во септември месец минатата година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Петар Денковски од „Веро“ - менаџер на годината за 2020 година

24 ное 2020

Интернешнал фреш фуд отвори фабрика за производство на пилешко месо

24 ное 2020

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки

24 ное 2020

6 FMCG SUMMIT 2020 сруши рекорди во посетеност

24 ное 2020

Две донации од „Витаминка“ за здравствените установи во Прилеп

24 ное 2020

Во тек е 6 FMCG SUMMIT 2020 - следете го бесплатно тука!

24 ное 2020
Вчитува уште новости...