Македонија

Американската амсадорка Брнз во посета на „Алкалоид“

19 окт 2020

Делегација на Амбасадата на САД во Македонија предводена од амбасадорката Кејт Мери Брнз го посети „Алкалоид“ АД Скопје, запознавајќи се со резултатите од работењето на компанијата и со нејзините пласмани и производни операции.

Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира, како и извозните активности, кои се еден од клучните сегменти на корпоративната политика на компанијата, соопштија од компанијата.

„Алкалоид“ има долгогодишна успешна соработка со САД, каде што во 2005 основаше своја подружница, со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната петдецениска деловно-техничка соработка со реномирани компании од САД. Во моментов, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани американски фармацевтски компании, со кои има различни форми на соработка, како лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивни производи.

Од деловните потфати во САД, „Алкалоид“ особено го истакнува пласманот на чаевите од програмата Good Nature. Во изминатите 15 години компанијата има воспоставено успешна соработка со американски компании специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи, како ,,АВЕДА“ (членка на групацијата „Есте Лаудер“), „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“, кои во 2019 надминаа извоз во САД од пет милиони американски долари, со тенденција за раст.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



dm донира респиратори во вредност од 36.600 евра

20 ное 2020

Исплатени околу 15 милиони евра помош за октомвриските плати на над 58.000 вработени

20 ное 2020

Азески: Клучниот момент ќе биде кога државната помош полека ќе спласнува

20 ное 2020

Стопанска комора предложи итни мерки за пост-ковид развој на земјоделството

20 ное 2020

Ново XL Бриош пакување од „Жито Лукс“

20 ное 2020

Почна повратот на ДДВ за граѓаните за третото тримесечје

20 ное 2020
Вчитува уште новости...