10 години

10 години InStore: Објавени повеќе од 250 анализи и истражувања

17 јун 2021

Кои се навиките на македонските потрошувачи, каде најчесто пазарат, кој бренд од категоријата е најчесто присутен во летоците, колку често македонските потрошувачи консумираат одредена категорија, каде најчесто ги трошат своите пари...

На овие и на уште многу прашања имаат одговорено истражувачките агенции со кои веќе 10 години соработуваме.

Податоците се многу важни и за нив и за нас. Со нивното објавување во InStore добивате можност да ја поткрепите вредноста на одлуките што ги носите.

„Индаго“ има успешна соработка со InStore уште од самите почетоци (претходно како дел од групацијата ГфК под името ГфК Скопје). Заедничкиот интерес за промоција на веродостојни податоци од истражувањата им дава дополнителна вредност на читателите на InStore. Податоците што се објавуваат овозможуваат да се детектираат главните трендови на пазарот и, секако, потенцијалните клиенти да носат одлуки засновани на факти. Магазинот има објави кои насочуваат кон различни можности и во таа насока би сакал да потенцирам дека соработката со Instore продолжува и во иднина. Во заедничка мисија за вредноста на истражувањата.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

InStore е магазин кој целосно ги следи потребите на пазарот и неговиот развој. „Ипсос“ преку соработката со InStore доби можност за референтно претставување на својата филозофија за пораст и развој на марките, и укажување на значењето на податоците за потрошувачите во процесите на донесување одлуки. Постигнувањето на заедничката цел, креирање успешни маркетинг-менаџери и маркетери кои во фокусот на своите активности го имаат неговото величество потрошувачот, е процес во кој со големо задоволство „Ипсос“ соработува со тимот на Instore. Тоа е процес во кој соработката со InStore ќе продолжи да биде суштествена и во годините пред нас.

---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Многу ни е драго што како „Фокус“ - Бугарија ја имаме можноста да ви понудиме анализи за FMCG-секторот на пазарот во Македонија. Повеќе пати сме добиле позитивни повратни информации од наши клиенти кои исто така го читаат магазинот InStore. И ние уживаме во читањето интересни истражувања од другите агенции, како и други интересни деловни приказни и информации од македонскиот пазар и од регионот.

Се надеваме дека соработката со вас ќе продолжи и понатаму.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Во долгогодишната и многу успешна соработка со InStore, „Инсајдер ИД“ континуирано учествуваше во магазинот со стручни статии, на конференциите како учесници и говорници и на безброј пријатни и професионални средби за размена на искуства и мислења. Тимот на InStore е составен од врвни професионалци кои поставуваат нови стандарди со своето работење. Заеднички ја комуницираме публиката и привлекуваме внимание на многу читатели и потенцијални соработници за „Инсајдер ИД“. Посакуваме уште многу години успешна работа и уште поголеми успеси и предизвици.

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Досегашната успешна соработка на БРИМА со InStore ја гледаме низ призмата на заемни бенефити. Преку истражувањата InStore им дава релевантни и потребни информации на потенцијалните корисници на податоците, потрошувачките преференции, ставови и навики кои овозможуваат градење политика, стратегија и комуникација со крајните корисници (потрошувачите). Од друга страна, БРИМА, насочена кон конкретни истражувања на пазарот, преку InStore ги промовира истражувачките алатки, можности и потреба за истражувања на пазарот со цел производителите, трговците, дистрибутерите и другите вклучени во FMCG-секторот, да добијат релевантна основа за градење, унапредување и развивање на својот бизнис-план и стратегија за настап на пазарот.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Долгорочната и плодна соработка со магазинот InStore ни овозможи понатаму да ја градиме свеста на компанијата NielsenIQ на пазарот во Северна Македонија.

Поради соработката, имаме можност редовно да ја ажурираме FMCG-индустријата за трендовите на пазарот, како и за тоа кои се нашите можности, што правиме, какви информации и анализи обезбедуваме и како можеме да им помогнеме на трговците на мало и на производителите во нивниот понатамошен развој.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...