10 години

Првите интервјуа во првиот „Таргет“

27 јан 2021

Во годината кога InStore обележува 10 години постоење на македонскиот пазар, се потсетуваме на почетоците, на првиот трејд-магазин „Таргет“, кој излезе во мај 2011 година и беше претходник на InStore. 

Уште од првиот број „Таргет“ ја трасира насоката по која ќе се движи регионалниот проект InStore како глас на FMCG-секторот во Македонија и во регионот. Во секој број на магазинот имавме интервју со производител или дистрибутер и со трговец, со најголем дел од луѓето кои и денес се наши драги гости на страниците на InStore, соработници, партнери во развојот на FMCG сцената во Македонија и во регионот...

По повеќе од 100 направени интервјуа, се потсетуваме на првото, кога разговаравме со тогашната генерална директорка на „Европа“ – Савка Димитрова, која на таа функција беше 30 години – од 1 јануари 1987 година до 1 јуни 2017 година.

Во интервјуто со наслов „Квалитетот е основа на долгорочната продажба“, Димитровска истакнува: Времето на шарени лаги е веќе поминато... Факт е дека на пазарот се јави наплив на сѐ и сешто и консументите немаа критериум, гледаа да купат нешто увезено, нешто што им се чинеше интересно затоа што беше ново. Тоа време го поминавме. Нам секогаш целта ни беше да одиме на квалитетно производство, а не на квази-производи. Не трчавме по секоја цена да добиеме пониска цена и само во моментот да продаваме...

Целото интервју со Димитрова прочитајте го на линкот, стр. 14.

Даница Личанин-Блажеска, генерален менаџер на маркетите „Рептил“ во интервјуто за првиот број на „Таргет“ вели:

Секој почеток е тежок, но ако се работи напорно за да се постави систем во работењето и ако не се избрзува во одлуките успехот е неминовен, вели Личанин-Блажеска во интервјуто со наслов: „Бизнисот е како дете, треба да се израсне“.

Денес, „Рептил“ има малопродажна мрежа од 17 маркети и еден од форматот Reptil Special, а на е-продавницата reptilmarketi.mk достапни се повеќе од 4.000 артикли.

Целото интервју со Личанин-Блажеска прочитајте го на линкот, стр. 32.

Во следниот период InStore ќе ве потсети на „ретро“ содржините од првата деценија на своето постење, од кои некои теми и ставови и денес се актуелни. Читајте InStore! 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



10 години InStore: Приказната зад брендот

28 јан 2021

10 години InStore - промовирани над 60 маалски продавници

28 јан 2021

InStore јубилеј: 10 години едукација за е-продажба

28 јан 2021

Интервју со Даница Личанин-Блажеска од првиот број на „Таргет“

28 јан 2021

Интервју со Кристијан Шарита од вториот број на InStore

28 јан 2021

Интервју со Савка Димитрова од првиот број на „Таргет“

28 јан 2021
Вчитува уште новости...