Актуелно

Ејуп Абдулахи: Успехот е круна на најпосветените

07 окт 2020

Ејуп Абдулахи, косопственик на „Флуиди-М“

Често трговијата се етикетира како парче од економскиот мозаик од кое не произлегуваат општи позитивни економски бенефиции. Но, се поставуваат прашањата зошто и како во пазарот имаме балансирани цени? Која е причината за демонополизирање на многу фирми во разни сектори во земјата? Вистината е, многу позитивни ефекти што речиси сите либерални економии во светот ги  поседуваат се како „последица“ на трговијата која се одвива во рамките на државните и економските граници.

Во период на настанатата криза предизвикана од Ковид-19 сите сектори, вклучувајќи го и секторот на трговијата и FMCG,  стопанствениците имаа страв за потенцијално губење на нивните позиции во домашните и странските пазари. Бидејќи природата на кризата е непозната и не е слична со ниедна од поранешните кризи, дури и куповната моќ изразуваше несигурност преку моменталните апстиненции што ги манифестираше, широката потрошувачка првично падна како ефект на покачените цени во почетокот на појавата на Ковид-19. Во вакви ретки ситуации доаѓа предвид секторот на трговијата, бидејќи тој сектор ги заштитува граѓаните со широката понуда која им се нуди од страна на трговците, не дозволувајќи „монополот“ да ги покачи цените по волја. Но, многу брзо магацините се испразнија и ова стави на тест многу компании, а за жал и не се малку тие компании што фалиментираа. Ова дојде како поука за стопанствениците дека успехот не доаѓа случајно, туку тоа е круна што ја носат само најсериозните и најпосветените.

Почнувајќи од посветеноста, „Флуиди-М“ увиде дека мора брзо да се приспособи на новата реалност, и преку креативни решенија, партнерства и соработки го преживеавме тој силен немилосрден удар кој дојде од пандемијата. Воедно, успеавме да ја спасиме економијата од инфлација, а потрошувачите континуирано беа снабдувни со широк избор производи за секојдневна употреба, но и пошироко.

Многу наши проекции како компанија што беа предвидени да се реализираат годинава беа оставени настрана. Поуката од 2020 година која беше полна со неочекувани настани е дека живееме во динамично време во кое сè може да се смени за многу кратко време, а ние мора да бидеме подготвени секогаш да се соочиме со сè што ќе ни се најде на патот. Со оглед на тоа дека нашата компанија „Флуиди-М“ е и членка на Стопанската комора на Северозападна Македонија, а јас сум и член на Управниот одбор, научивме дека вклучувањето на организирани комори може да биде клучно за преживување. Затоа им препорачам на сите идни стопанственици да се придружат во организирани институции како коморите, бидејќи патот со придружба најсигурно се минува.

Живееме во динамично време во кое сè може да се смени за многу кратко време, а ние мора да бидеме подготвени секогаш да се соочиме со сè што ќе ни се најде на патот.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...