Актуелно

„Лидл“ извезува хрватски производи во 14 европски земји

06 окт 2020

Повеќе од 30 традиционално хрватски јадења и пијалаци се наоѓаат на полиците во продавниците на „Лидл“ во 14 европски земји.

Клиентите на „Лидл“ од Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Унгарија, Полска, Романија, Словенија, Германија, Австрија, Холандија, Швајцарија, Чешка и Словачка имаат можност да испробаат некои од познатите хрватски специјалитети, обединети под брендот „Кроамор“.

„Лидл“ посочува дека со овој потег сакаат да ги поддржат хрватските доставувачи овозможувајќи им да продаваат на европскиот пазар.
Трговецот потсетува дека брендот препознатливи хрватски производи „Кроамор“, наменет за пласман и продажба надвор од Хрватска, беше претставен во 2016 година, кога претставниците на „Лидл“ од странски земји имаа можност да дегустираат и да изберат повеќе од 90 производи „Кроамор“.

„Лидл“ работи во Хрватска од 2006 година, кога ја прошири својата продажна мрежа низ Хрватска со отворање на 102 продавници и 2 логистички и дистрибутивни центри, а вработува повеќе од 2.300 работници.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...