Актуелно

Се бара кривична одговорност за фирми кои зеле субвенции, а не поделиле плати

29 јул 2020

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) бара кривична одговорност за работодавачите кои не им ги исплатија на работниците парите што ги добија од државата, односно не поделија плати од предвидениот минимум. 

Сметаме дека треба кривично да се одговара и некој да заврши зад решетките. Од Управата за јавни приходи беа коректни и одговорија најбргу што можат на нашите апели. Ги пронајдоа компаниите и согласно законот заедно со Државниот трудов инспекторат ќе ги казнат со глоба за да ги дадат парите што ги должат. Но тоа не е доволно и мора кривично да се одговора, изјави утрово Дарко Димовски, претседател на ССМ.

УЈП се сомнева за злоупотреба од над 2 милиони евра кај 4.500 компании кои правеле малверзации со парите за работниците добиени од државата. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска вчера објави дека за месеците април и мај годинава, над 700 компании зеле нешто помалку од 400 илјади евра од државата за исплата на 14.500 денари за работниците за април и мај, но на околу 1.700  вработени не им исплатиле ниту денар. Други над 3.700  компании им го скратиле минималецот на околу 52.000 работници и на сметките на работниците исплатиле околу 1,5 милион евра помалку. 

Според УЈП, станува збор за микро,мали и средни претпријатија, најмногу од Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово. Најмногу се од дејностите, трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна и транспорт.

УЈП упати апел до компаниите кои ја злоупотребила државната помош, да им ги префрлат парите на работниците во спротивно покрај што ќе платата глоба, присилно ќе им ги наплати со камати. 

Апелирам до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска одредба да го направат тоа кон своите вработени, бидејќи целта беше да се зачуваат работните места, а не парите да ги земат работодавачите. Да го направат тоа пред да бидат јавно објавени, изјави Лукаревска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Фереро“ влезе во нов бизнис

24 јул 2020

Ристе Ристевски: Поддршка на македонските производи

24 јул 2020

InStore ја објави „Мапа на трговци“-реакциите се одлични

24 јул 2020

Хрватско пиво е меѓу 50-те најдобри во светот

24 јул 2020

Тетовка доби „пежо 208“ во наградната игра на „Веро“

24 јул 2020

Кривично ќе одговараат фирмите кои ја злоупотребија помошта за плати

24 јул 2020
Вчитува уште новости...