Актуелно

Српските потрошувачи избраа: Plazma keks е најомилен домашен производ

22 јун 2020

Српските потрошувачи ги избраа најдобрите домашни производи и брендови за 2020 година. 

Акцијата наречена „Мој избор“ по десетти, јубилеен пат ја организираше здружението „Моја Србија“ со цел да го поттикне развојот на домашното производство и да го подобри квалитетот на стоките и услугите во Србија. 

Титулата за најомилен домашен производ ја понесе Plazma keks на компанијата „Бамби“. 

Најомилен производител во Србија оваа година е компанијата „Дијамант“.

Златни плакети за десетгодишно лидерство во своите категории добија „Златиборац“ во категоријата „месо и месни преработки“, „Дијамант“ во категоријата „масло, прилози и преливи“, Začin C во категоријата „супи, брашно и додатоци на јадења“ и Plazma keks како омилена ужинка.

Најмногу глсови во своите категории освоија: Moja Kravica во категоријата „млеко и млечни производи“, Knjaz Miloš во категоријата „минерални води“, „Дунав осигурување“ во категоријата „осигурителни друштва“, Ždrepčeva krv во категоријата „вино“, Frikom во категоријата „овошје и зеленчук“, Merix во категоријата „козметика и средства за хигиена“. 

Традиционално, и оваа година акцијата ја поддржа Град Белград. 

Tradicionalno i ove godine akciju je podržao Grad Beograd.

Наградата од потрошувачите не е лесно да се освои, бидејќи тие бираат исклучиво со срцето, но тоа истовремено е најпредизвикувачката и најслатката задача. Затоа печатот од признанието „Мој избор“ е доказ за вистински квалитет, изјави Андреја Младеновиќ, помошник градоначалник на Белград. 

Признанието „Мој избор“ е единствено по тоа што се доделува исклучиво на основа на гласовите на потрошувачите. Основен услов за некој производ да биде номиниран е истиот да биде од домашно потекло, без оглед на структурата на сопствеништво на фирмата што го произведува.

Оваа година во конкуренција за наградите се најдоа 1.000 домашни производи и брендови во 27 категории.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...