Актуелно

InStore: Нови содржини за вашите бизниси

14 фев 2020

Тимот на InStore

Помалку од половина секунда. Tолку им треба на потрошувачите да одлучат кој производ да го купат, според истражување спроведено во 2011 годинa. Колку време ви е потребно да произведете и да креирате готов производ кој ќе му го понудите на потрошувачот?

Иако некогаш не се толку видливи, но и трендовите и промените што доаѓаат со нив се случуваат со брзина на светлината. Која е последната промена што ја воведовте во вашето работење, кој е последниот производ што го креиравте според најнова технологија и последниот тренд?

Кога е годината зад нас, се сумираат резултатите, се искажуваат впечатоците и се прават анализи што можело да биде подобро. Тие чекори се многу важни за нас затоа што знаеме што сме направиле и што можеме да направиме. Истовремено, навлегуваме во годината во која треба да се исполнат нашите планови и идеи и тоа во околина во која владее хиперконкурентност, владее потрошувач кој не е веќе лојален, кој е информиран и кој знае што сака, а што не сака.

Во таа околина треба да се одвоиме од другите и да се истакнеме. Да понудиме нов подобар производ. И тоа да биде константно добро, константно квалитетно. Може да бидеме поинакви нудејќи уникатно доживување на веќе познатите нешта (производи и услуги). Така создаваме синергија на квалитетот и на уживањето.

Околу 9,5 минути. Толку им е потребно на читателите да прочитаат текст на три страници во магазин.  Иако е потребно многу повеќе да се напише, да се истражи и да се понуди нова идеја, сепак, сите сме учесници во постојаната битка да понудиме нешто ново. Тоа ја претставува промената што треба да биде наша константа.

Држејќи чекор со трендовите и со вашите реални потреби, и годинава InStore нуди многу нови содржини и можности да ги огласите вашите нови и докажани производи:

  • Во април очекувајте го посебниот Водич низ дистрибуција и логистика, кога во рамките на InStore ќе биде објавен и InFocus за софтверски решенија за FMCG-секторот.
  • Во јуни подготвуваме уште еден мегапроект, кој и тоа како му треба на трговскиот сектор – Мапа на трговци. Станува збор за специјално, луксузно издание за трговците, каде што ќе понудиме квалитетни податоци и истражувања од еминентни истражувачки агенции).
  • Во меѓувреме, додека ни испраќате фотографии од вашите импресивни примарни, секундарни и посебни позиции, посебно уредени простори во маркетите, кои ќе ги објавуваме во секој број на InStore, во август очекувајте го Водичот за POS и трејд-решенија.
  • Во ноември по третпат ќе ги објавиме 100 бренда без кои не се може, во специјалното, луксузно издание 100 must have.

Сите овие содржини ќе бидат отворени и за вас, за и годинава заеднички да ги делиме секундите и минутите, да ги споделуваме знаењата и искуствата и да ги направиме промените што сакаме да ни се случат.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...