Актуелно

Најголемиот француски трговец ги замрзнува цените

22 авг 2022

Францускиот малопродажен синџир „Карфур” ќе ги замрзне цените на сто свои производи за да им помогне на Французите во услови на висока инфлација.

Потегот на „Карфур” доаѓа откако други водечки француски компании по притисокот од Владата, исто така презедоа чекори за да им помогнат на потрошувачите во земјата да се справат со рекордните поскапувања.

Замрзнатите цени во „Карфур“ ќе траат до 30 ноември.Францускиот нафтен гигант „ТоталЕнерџис” и бродската компанија „ЦМА” минатиот месец презедоа дополнителни чекори за намалување на цените - „ТоталЕнерџис” ќе ги намали цените на горивото на своите бензински пумпи низ Франција од 1 септември до крајот на годината, додека „ЦМA” ќе ги намали трошоците за испорака за 750 евра по контејнер при увоз на стоки во Франција од Азија.

Податоците објавени на почетокот на август покажаа дека француската инфлација во јули била на рекордно ниво од 6,8 отсто.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...