Актуелно

Опструкции за „Лидл“ во Црна Гора

20 јул 2022

Германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го одложи отворањето на своите продавници во Црна Гора поради опструкции што не доаѓаат од Владата на Црна Гора, пишува порталот „БизнисЦГ“. 

Според првичните планови, дисконтерот следната година требаше да отвори 17 маркети и голем дистрибутивен центар, но тој рок беше загрозен бидејќи „се оди поспоро од очекуваното“. „Лидл“ исто така планираше да отвори 1.000 нови работни места, како и да понуди цени пониски од оние во црногорските трговски синџири „Воли“ и „Лаковиќ“, кои се директни конкуренти на германскиот дисконтер. 

Сега се претпоставува дека првите маркети на „Лидл“ во Црна Гора ќе бидат отворени дури во 2024 година. ПОвеќе извори тврдат дека опструкциите не доаѓаат од Владата, која, како што наведуваат помага колку може, туку од „одредени сегменти од деловната заедница, пренесува „БизнисЦГ“

„Лидл“ официјално ниту ги потврди ниту ги демантира наводите за опструкции. 

Германскиот трговец е присутен во 32 земји во светот со околу 11.200 продавници и со повеќе од 200 логистички центри и складишта во вкупно 29 земји. Во Србија се присутни од 2018 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...