Актуелно

„Кооп“ ќе ги намали маржите за Божиќ

09 дек 2021

„Кооп“- Италија се обидува да ги ублажи ефектите од инфлацијата врз своите потрошувачи така што ќе ги намали маржите во очи на Божиќ. 

Марко Педрони, претседател на „Кооп“ - Италија, за италијанските медиуми предупреди дека поскапувањата „ги ставаат семејствата во тешкотии“, при што само во октомври инфлацијата порасна за 3 отсто на годишно ниво. Според неговите зборови, пазарот на стока за широка потрошувачка виде силна побарувачка за зголемени цени од страна на индустриите и брендовите, во распон од 20-30 отсто за тестенини, 10-20 отсто за маслото за јадење.. освен поскапувањето на храната, се зголемија и цените на пластиката, алуминиумот и струјата. 

Ако зголемувањето на цените се префрли на грбот на потрошувачите, според проценките на „Кооп“, просечното италијанско семејство на крај би плаќало по 500 евра повеќе за своите намирници. Пердони верува дека „има простор за ублажување на овој ризик“ бидејќи една третина од намирниците на трговецот се приватни трговски марки. Силно ќе делуваме на производите под брендот Coop за да ја заштитиме куповната моќ на потрошувачите, информираа од овој трговски синџир. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...