Актуелно

Отворен „Балкан шоп“ во Љубљана

09 дек 2021

Продавница „Балкан шоп“ е отворена во Љубљана, на адреса „Масарикова“ 25, во сопственост на Хуснија Хајдерпашиќ, познат угостител. Тој планира да отвори најмалку уште пет вакви објекти ширум Словенија. 

Првото продажно место во Љубљана се простира на 500 квадратни метри и поседува голем фрижидер и складиште. Вработува десет работници. На купувачите им се на располагање околу 4.000 производи, а наскоро се очекува асортиманот и да се прошири. Во продажба се голем број традиционални балкански производи. 

Хајдерпашиќ истакнува дека во понудата не се само намирници од земјите во поранешна Југославија, туку на рафтовите се достапни и производи од Романија и Турција. Во продавницата можете да купите храна и пијалаци од цел Балкан, секако и од Словенија. И Словенија е дел од Балканот, вели тој на шега. 

Пред продавницата има и мини - ресторан кој нуди разни јадења на скара. 

Хуснија Хајдерпашиќ ги повикува дистрибутерите од целиот Балкан да му испратат понуди за сите видови производи на неговата е - маил адреса profrut.si@gmail.com. Слоганот на продавницата е „Добра здрава храна од Балканот!“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...