Актуелно

Контроли: Инспекторите ги сардисаа трговците

09 дек 2021

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе пет дена се на терен, ги контролираат трговците дали ја почитуваат одлуката на Владата за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното тип 400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата. Овие производи треба да ги имаат цените од 1 декември, кои не смеат да бидат променети до крајот на јануари следната година. 

Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи излезе на 6 декември, а од 7 декмври државните пазарни инспектори излегоа на терен да ја проверат почитувањето на одлуката. Ние со тој капацитет со кој што располагаме направивме план и организација како да се постапува се со цел да се опфатат сите трговци, потврди Анета Симеска Димоска, директорката на ДПИ, за емисијата „Утрински брифинг“. 

-Секако сите трговци не можат да бидат опфатени во еден ден, но така како што секој ден инспекторите ќе бидат на терен ќе бидат опфатени се поголем број на трговци. Започнати се проверките, инспекторите работеа и во текот на вчерашниот ден, иако беше празник, така што сметам со оној капацитет со кој што располагаме ќе бидат опфатени сите трговци, вели таа.

Таа кажа дека контроли ќе има кај сите трговци. 

Во оваа насока сакам да нагласам дека и граѓаните ќе ни бидат од голема корист доколку во одредени ситуации се посомневаат или сметаат дека одредени цени не се на нивото на кое што биле на 1 декември. Трговците треба да ја стават на увид евиденцијата во трговијата кој што се задолжени согласно Законот за трговија да ја водат, каде се евидентирани влезните фактури, односно цени на производите и продажните цени на производите и на тој начин ќе се утврди која цена била на 1декември, вели Симеска Димоска.

За оние кои нема да ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените, глобите се движат од 800 евра до 1.000 евра за микро трговец, од 1. 600 до 2. 000 евра за мал трговец, од 3. 000 до 6. 000 евра за среден и од 7. 000 до 10. 000 евра глоба за голем трговец.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...