Актуелно

Можно е преземање на „Карфур“ од „Куш-Тар“?

14 јан 2021

Пазарната вредност на групацијата „Куш-Тар“ од Квебек, Канада е 30 милијарди евра, додека на „Карфур“ околу 12,64 милијарди евра.

Водечки светски финансиски медиуми известуваат за можноста да се спојат овие две компании, а „Ројтерс“ објави дека вредноста на акциите на „Карфур“ на париската берза достигна 17,53 евра, што е пораст за 13,6%.

Групацијата „Куш-Тар“ во случај на преземање на „Карфур“ ќе плати по 20 евра за акција, па вредноста на францускиот трговец се проценува на 16,2 милијарди евра. Ако навистина се случи „спојувањето“, вкупната вредност на новоформираниот трговец ќе биде околу 40 милијарди евра.

Канадската групација работи на домашниот пазар преку синџирот Circle-K. „Карфур“ има повеќе од 320.000 вработени во светот, од кои 105.000 во Франција.

„Куш-Тард“ е основан во 1980 година и главно работи преку продавници и супермаркети. Со купувањето на „Карфур“ ќе го пренасочат своето работење кон јужноамериканскиот и европскиот пазар, кои се главни носители на приходите на „Карфур“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Руски гигант отвори маркет во Србија

03 фев 2021

„Барила“ го купи „Катели“ за 107 милиони евра

03 фев 2021

Швајцарците почнаа да прават чоколадо во Србија

03 фев 2021

Горан Теменугов: Надежта последна умира

03 фев 2021

„Лидл“ се регистрираше во Македонија

03 фев 2021

Дел од Балканот повторно се затвора

03 фев 2021
Вчитува уште новости...