Актуелно

Се изготвува закон за неработна недела - како ќе се одрази врз трговците?

04 ное 2020

Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање, објави премиерот Зоран Заев.

Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кого тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, образложи Заев.

Иницијативата е од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како дел од предлозите за унапредување на работното законодавство заради заштита на работничките права и обезбедување баланс помеѓу работата и семејството.

InStore пишуваше за оваа иницијатива уште кога истата беше предмет на преговори меѓу ССМ и Министерството за труд и социјална политика. Прашавме трговци, како тоа ќе се одрази врз нивната работа, а став побаравме и од Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија. 

Во таа насока, евентуалното неработењето во недела и на државни празници може да се спроведе единствено доколку ова прашање се регулира преку соодветно законско решение и истото се почитува од страна за сите засегнати субјекти. Со други зборови, успешноста на оваа иницијатива би зависела исклучиво од ажурноста и неселективниот пристап на законодавецот, односно соодветните инспекциски органи, ни рекоа од Здружението. 

Целиот текст на InStore прочитајте го тука. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...