Видео вести

(ВИДЕО) Magnum во светот на високата мода

21 јул 2022

Првиот вегански фустан во светот на високата мода, направен од какао-зрна, е инспириран од сладоледот Magnum.

За да го означи лансирањето на новите вегански вкусови, премиум брендот сладоледи Magnum, во сопственост на „Унилевер“, се здружи со авангардната холандска дизајнерка Ајрис ван Херпен и со моделот Синди Бруна.

Креацијата што произлезе од таа соработка е вегански фустан од какао-зрна, премиерно претставен на Париската модна недела. Ова е првиот фустан од тој тип во светот на високата мода.

Луксузниот вегански фустан е создаден со помош на сложен 3-димензионален дизајн во форма на витли од кафена ткаенина направена од лушпи од какао. Дизајнот го имитира топењето на чоколадото врз сладоледот. Лушпите од какао се обработени на етички и одржлив начин, а потоа се претворени  во целосно органски биполимерен материјал.

Создавањето на веганскиот фустан Magnum ја поддржува одржливата стратегија на брендот на „Унилевер“ и работата на трансформација на отпадниот материјал во циркуларно решение. Од друга страна, фустанот е потврда и за амбициите на холандската дизајнерка кон целосно одржлив производствен синџир во модната индустрија.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...