Локално

Дритон Заири: Се зголемува интересот за нови возила

27 Dec 2023

Повеќе од 24-годишно искуство во автомобилската индустрија е доволно долго да поразговараме со Дритон Заири, генерален директор на „Гранд ауто“. Тој е дипломиран менаџер за човечки ресурси, а кариерата ја развива од продавач на автомобили, ареа-менаџер, тренер за продажба до директор.

Со Заири разговаравме за состојбата на автомобилската индустрија на македонскиот пазар, за понудите и можностите што ги нуди „Гранд ауто“, но и за перспективата на брендот Ford.

Разговараше: Алма Растодер, alma@instore.mk

Речиси целата кариера ја имате поминато во автомобилската индустрија. Може ли да наведете неколку клучни нешта што придонеле за нејзиниот развој во Европа и во светот?

Како и во секој бизнис, улогата на искуството е важна, точно тоа е во мојот случај бидејќи 24 години се доволно за да се види развојот на автомобилската индустрија.

Првично, конкуренцијата меѓу производителите, потребите на клиентите т.е. порастот на популацијата, развојот на технологии и дизајни се клучни, според мене. Како секундарни би ги напоменал потрошувачката и екозагадувањето, па во последните години сите гледаме како индустријата се насочува кон производство на електрични возила.

Како би ја опишале автомобилската индустрија во Македонија ако се земат предвид лошата патна инфраструктура, продажбата на поволни возила и сл.?

Имајќи предвид дека сè уште сме земја во развој, автомобилската индустрија држи некој позитивен чекор. Но, треба да се има на ум дека половните возила сè уште се тренд и тие се попродавани во нашата земја. Сепак, можам слободно да кажам дека по пандемијата свеста кај нашиот народ некако драстично се смени и сè повеќе се зголемува интересот за нови возила, а пропорционално на тоа се зголеми и продажбата. Освен во инфраструктурата, според моето мислење, треба сериозно да се размисли за олеснување во законот за данок на возила, специјално во делот на хибридните и електричните возила.

Индустријата е во постојан пораст, а во „Гранд ауто“ тоа будно го следиме и се стремиме заедно да растеме со новитетите, грижата кон купувачите, условите на финансирање при купување итн.

Како се борите со конкуренцијата во Македонија? Што е тоа што ве прави единствени во поглед на понудата на патнички, но и товарни возила?

 „Гранд ауто“ веќе има 4 бренда на нови возила, и тоа Ford, Hyundai, MG и Chery кои почнавме да ги увезуваме, а планираме и нов сервисно-продажен центар во рамките на сегашниот, со нови 3 салони.  Воедно, тука е и АУТОТО одделот за користени возила каде што на клиентите им нудиме гаранција и сигурност при купување на користено возило.

Како што кажав и претходно, индустријата е во постојан пораст, а во „Гранд ауто“ тоа будно го следиме и се стремиме заедно да растеме со новитетите, грижата кон купувачите, условите на финансирање при купување итн. Со сета почит кон конкуренцијата, се трудиме миксот од маркетинг-активности, цена, производ и грижа кон купувачите да биде на највисоко и најпрофесионално ниво.

Отсега покрај патничките, со 5 години гаранција ни доаѓаат и товарните возила од гамата Ford Transit, што е уште една потврда на квалитетот и довербата.

Реално е зголемен фокусот кон електрификација од страна на европските влади, со што автомобилската индустрија цели кон преструктурирање. Што покажуваат бројките, каква е заинтересираноста за електричните и за хибридните возила во Европа и кај нас во споредба со возилата со внатрешно согорување?

Бројките, за жал, тапкаат в место во Европа во последните 2 години во однос на електрификацијата, а во однос на хибридните возила тие се зголемуваат и во ЕУ и кај нас во Република Северна Македонија.

Кои се најпродаваните патнички и товарни возила од „Форд Македонија“? Какви понуди им нудите на клиентите во поглед на сервис и одржување?

Ford е бренд кој следната година ќе прослави 30 години присуство на македонскиот пазар. Притоа клиентите во Македонија добро ги познаваат понудата и карактеристиките кои ги одликуваат возилата Ford, било тоа да се патнички или товарни. Она по што сме препознатливи e грижата за клиентите и возилата кои се безбедни, квалитетни и со долг животен век. Впрочем, искуството ни кажува дека сопствениците на Ford секогаш се враќаат, бидејќи се задоволни.

Отсега покрај патничките, со 5 години гаранција ни доаѓаат и товарните возила од гамата Ford Transit, што е уште една потврда на квалитетот и довербата. Во поглед на сервисот и одржувањето, редовните акции и пакети за долгорочно одржување по фиксни цени се клучни за бројот на клиенти постојано да расте, а со тоа и нивното задоволство.

Освен во инфраструктурата, во Македонија треба сериозно да се размисли за олеснување во законот за данок на возила особено во делот на хибридните и електричните возила.

Какви сè услови на финансирање им нудите на Вашите клиенти при купувањето нов автомобил, а какви за проширување на возниот парк?

Нашата компанија соработува со сите финансиски институции, како банки, лизинг-друштва итн. Притоа, ние како автомобилска куќа која нуди 4 бренда на македонскиот пазар овозможуваме ексклузивни и доверливи начини на финансирање. Кај патничката програма тоа се фиксните каматни стапки, исклучување на учеството, подароците кои следуваат во пакетот како каско-осигурување, сезонски гуми.

Додека за правните субјекти, пакетите на финансирање вклучуваат фиксни трошоци за одржување, регистрација, промена на гуми и слично, што го прави овој пакет доста атрактивен за компаниите кои сакаат да го обноват или зголемат својот возен парк.

Како Ford ја надмина корона-кризата во поглед на синџирот на снабдување на делови од Кина, но и во поглед на намалениот интерес за нови автомобили? Какви се прогнозите за продажба на автомобили во наредните години?

Ford се покажа како еден од најотпорните брендови кои ја пребродеа кризата со добавувачи на делови. Ова е така затоа што производството на Ford беше координирано согласно планот на брендот за паралелен развој на електричните возила со фиксен план за производство на традиционалните модели. Притоа, кризата се преброди, а сведоци сме и на позитивни бројки. Она што останува предизвик за „Форд“ сега се подигнување на позитивните бројки во однос на понудата на електричната програма, која полека, но сигурно се зајакнува. Секој голем бренд поминува низ еден вид преродување, затоа мислам дека со комплетната промена на фабриката на „Форд“ во Келн, Германија, за производство на електрични возила, иднината на Ford во Европа е електрична и модерна!

Комерцијална објава



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...