Анализи

FFI: Иднината на трговијата по Ковид-19

03 јун 2020

Ковид-19 го промени светот, оставајќи последици врз секојдневниот живот насекаде на планетава.

Извор: Food Futures Insights

Вирусот влијае и врз начинот на кој потрошувачите ја купуваат храната што ја консумираат, така што бројни сервиси за храна и сегменти „за носење“ ги затворија вратите во текот на пандемијата. Од друга страна, на голем број пазари беше достигната и одредена стабилност на понудата, односно синџирите за достава се приспособија на новите купувачки обрасци. Како што и понатаму се движиме низ кризата, размислуваме што би било за анализа по кризата со Ковид-19?

Прашањата разработени во текстов ќе бидат трајно наследство за начинот на кој луѓето ќе живеат и ќе купуваат во следните години. Анализираме што тоа ќе значи за продавниците и за сегментот „храна за носење“, со фокус на перспективата на амбиентот на продавниците и нивното опкружување.

Нов пејзаж

  • Вирусот и загриженоста ќе останат во фокус. Вакцина не може да се очекува уште некое време, така што и понатаму ќе останеме внимателни за социјалните собирања од каков било обем и тип.
  • Социјалната дистанца ќе остане присутна уште некое време. Последиците од тоа се големи кога станува збор за сите продавници, без оглед на нивната големина, а малите објекти се особено погодени.
  • Онлајн-интеракцијата меѓу потрошувачите и компаниите ќе има трајно влијание врз идното ангажирање, создавајќи нови можности за компаниите, но и за барањата на купувачите.
  • Корона-кризата ќе остави трајно економско наследство, што ќе ги натера потрошувачите да се вратат на размислувањето ориентирано кон заедницата. Поддршката на локалното ќе добие димензии што не се видени долго време.

ТРАЈНИ ПРОМЕНИ ВО НАЧИНОТ НА КУПУВАЊЕ

Однесувањето на потрошувачите мораше многу брзо да се приспособи на новите услови. Планирањето (на поголеми и помалку фреквентни набавки) и ограниченото време (поминато во линија пред и во продавницата) станаа особено важни. Планирањето и времето ќе станат многу позначајни отколку што беа пред кризата со Ковид-19, така што очекуваме и потрошувачите и економијата да користат повеќе технологија како дел од новите пакет-решенија.

По пандемијата особено важно ќе биде движењето на купувачите низ продавницата да се одвива на вистинскиот начин. Пренатрупаните премини ќе создадат „тесни грла“, а трговците ќе размислуваат како да го променат изгледот на продавниците и протокот.

Дали тоа ќе доведе до заживување на поголемите формати, за да се овозможи рамномерен проток на купувачи? Дали сигнализацијата за правецот на движење, како и повеќе тематски и зонски сегменти во продавниците ќе им помогнат на купувачите да купуваат подобро, побрзо и поефикасно?

И покрај проблемите што се јавуваат како резултат на потенцијалното поставување на производите, трговците експериментираат со различни форми на организација во продавниците за да го ограничат контактот меѓу потрошувачите и да го намалат времето што го поминуваат во продавницата. Од аспект на пополнетост на полиците, останува да видиме дали тие ќе се преполнуваат со резерви или акцентот ќе биде на мобилните единици, за да се намали времето што персоналот го поминува за надополнување.

Дали трговците ќе се обидат да ги поттикнат нарачките преку интернет и дали ќе прифатат да преземаат или испорачуваат гломазни предмети со мала вредност, за да го намалат просторот за овие производи на местото на продажбата?

Многу е веројатно дека различни услужни дејности што се насочени кон потрошувачите ќе бараат начини како да го поттикнат различниот начин на купување. Новите промотивни техники повеќе ќе бидат фокусирани на времето поминато во продавница и на купувачките мисии отколку на одредени производи или категории.

ДИГИТАЛНОТО ЌЕ ИМА ГОЛЕМА УЛОГА

Освен што некои трговци ги советуваат потрошувачите преку апликации или онлајн-платформи за тоа кое е најдоброто време за купување, очекуваме да видиме поголема употреба и на други дигитални алатки.

Виртуелни редови и дигитален влез. Виртуелните редови веројатно ќе бидат потребни за да се управува со протокот на потрошувачите во време кога продавниците се многу посетени. Контролите на влезот на продавницата, со помош на дигитални екрани, би можеле да станат честа опција.

Донесување одлуки за купување во продавницата. Од корист би можеле да бидат алатките што им помагаат на купувачите поефикасно да го завршат купувањето во објектот, на пример, интерактивна апликација што му покажува на потрошувачот каде во продавницата може да најде одреден производ. Тоа може да биде драгоцен начин за ублажување на метежот по продавниците, а повеќе би било од корист доколку се комбинира со податокот за расположливост на тој производ.

РЕДЕФИНИРАЊЕ НА ДОЛГОРОЧНИТЕ ПЛАНОВИ И ПРИОРИТЕТНИТЕ КАТЕГОРИИ ЗА ТРГОВЦИТЕ

Клучно е прашањето дали трговците ќе бидат внимателни и ќе се обидат да го вратат целокупниот асортиман или ќе ги искористат промените за да преминат на некоја одбранбена, ограничена понуда?

Тоа ќе им овозможи на трговците да се насочат на тоа за што и понатаму ќе се залагаат за да напредуваат. Негативната страна е што изборите што се однесуваат на идниот асортиман ризикуваат да бидат направени врз основа на недоволно јасни податоци.

ЛОКАЛНОТО, СЕЗОНСКОТО И ЗАЕДНИЦАТА

Очекуваме повисокото ниво на вклученост во заедницата и повисоката свесност кај потрошувачите да бидат еден вид наследство од кризниот период. Бизнисите што ќе можат да го прифатат и рефлектираат тој факт, без разлика дали станува збор за трговија, угостителство или достава, ќе бидат тие што најдобро ќе успеат да одговорат на потребите на локалните потрошувачи.

Клучно прашања: Како големите формати можат ефективно да го применат принципот локално? Големо искушение за секој трговец во овој момент е да размисли за функционалната и целта, за најлесниот начин на испорака на производите до полиците. Но, на долг рок, многу бизниси ќе треба да гледаат многу подалеку. Сигурно е дека вредноста ќе остане важна, но победници во оваа битка ќе бидат трговците што ќе создадат најсилни врски со локалните заедници.

ПОТРОШУВАЧИТЕ НАОЃААТ НОВИ НАЧИНИ ЗА КУПУВАЊЕ

Со предизвиците поврзани со достапноста на производите, кои се поголеми од кога и да е, потрошувачите почесто отколку вообичаено посегнуваат по е-купување за да се снабдат со сè што им е потребно. Без оглед на тоа дали станува збор за директно снабдување со кафе, пиво или вино од производителот, нарачување пакет-оброци или директно нарачување од веледрогериите, рестораните и компаниите за достава, многу потрошувачи ги испробуваат новите начини на онлајн-купување.

ХРАНАТА ЗА НОСЕЊЕ ЌЕ ОСТАНЕ КАКО МОЖНОСТ

Сегментот „храна за носење“ е тешко погоден по препораките да се остане дома. Голем дел од операторите со овие услуги беа принудени да ги затворат бизнисите додека траеја мерките. Пазарот на „храна за носење“ ќе се врати, но во случаите кога потрошувачите ќе имаат на располагање помалку приходи, сигурно ќе размислат пред да се одлучат за овој тип купување. И начинот на купување, според времето во денот и типот производи што се купуваат, би можел да доживее промени.

СЕРВИСИТЕ ЗА ХРАНА ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМА УЛОГА

Иако за некои трошоци можеби и има одредени олеснувања, другите и понатаму се зголемуваат во време кога од домот или воопшто не излегуваат пари или само во мали количества.

Искуство во домот. Гледаме многу иновации што сакаат да им помогнат на потрошувачите да создадат макар дел од искуството дома, по пат на услугите за испорака. Видеата од типот „како да направите“ се чекор понатаму.

Каталози „Направи сам“. Одредени ресторани дури нудат и ограничени изданија од своевидни пакети со состојки за правење и сервирање на оброците, исто како и кога се надвор од домот.

Создавање корисничко искуство. „Бургер кинг“ во Франција преку реклама на потрошувачите им кажува кои состојки треба да ги купат од маркет за дома да направат своја верзија од сендвичот.

ПОДОБРО ДЕФИНИРАЊЕ НА ТОЧКИТЕ ЗА ДИФЕРЕНЦИЈАЦИЈА

Треба да се разгледаат неколку опции:

  • Остварете врска со потрошувачот на далечина. Пристапот до полиците во продавницата, промоциите и дегустациите најверојатно ќе бидат преиспитани. Сепак, откажувањето од нив може да придонесе до поголемо оддалечување од потрошувачите.
  • Вистински баланс на социјалното дистанцирање. Комбинацијата од вистински баланс меѓу физичката оддалеченост и општественото ангажирање ќе биде пресудна за потрошувачите да се чувствуваат безбедно и добредојдено.
  • Сочувство со грижата на потрошувачите. Трговците и операторите со „храна за носење“ имаат огромна можност да ја редефинираат комуникацијата со потрошувачите на начин кој ќе им овозможи да покажат емпатија кон нив и кон нивните грижи. Секако, доколку сакаат да се разликуваат од конкуренцијата и да продолжат да работат во трговијата по целосно нови правила. Наоѓањето на вистинскиот баланс меѓу онлајн и офлајн-комуникацијата ќе биде од клучно значење.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Керни: Како генерацијата Z влијае врз малопродажбата?

22 апр 2020

Делоит: Во ек на двојната криза

22 апр 2020

Нилсен: Кој е кој меѓу приватните трговски марки во Европа

22 апр 2020

Инсајдер ИД: Ковид-19 – можност или бариера за економиите во развој, петти дел

22 апр 2020

Инсајдер ИД: Ковид-19 – можност или бариера за економиите во развој, четврти дел

22 апр 2020

Инсајдер ИД: Ковид-19 – можност или бариера за економиите во развој, трет дел

22 апр 2020
Вчитува уште новости...